Стојанче Стоилов го прогласи новиот Крал на Македонија (ФОТО)

Големиот борец на теренот, Стојанче Стоилов не беше во можност да им помогне на своите колеги на средбата против Грција. Тој го пропушти овој меч поради оперативен зафат на коленото извршен веднаш после враќањето од Турција, но не испушти можност да им честита на своите колеги.

Со интересна порака на својот инстаграм профил, Стојанче Стоилов го прогласи и новиот Крал на Македонија – одличниот Никола Митревски. Повеќе од заслужено!