Стојаноски: Очекувам најмалку две победи во групата

Mашката репрезентација на Македонија во ракомет на песок денеска ќе одигра две средби на стартот од шампионатот во Полска. Мажите се во групата Ц, а првиот меч ќе го имаат од 14:15 часот против составот на Украина.

Во групата со Македонија се и составите на Хрватска, Швајцарија и Италија. Сосема извесно е дека Хрватите се фаворити, но тука сигурно ќе има што да покажат и македонските репрезентативци, а секако многу ќе покажат денешните дуели.

Голманот Александар Стојаноски вели дека очекува најмалку две победи во групната фаза.

„Задоволен сум од посветеноста на моите соиграчи и залагањето на секој тренинг. Очекувам најмалку две победи во групата, ќе дадеме се од себе да се покажеме на највисоко ниво. Можеби кратки беа подготовките за разлика од другите селекции, кои имаат и свои првенства во нивните земји, но ние одиме да се надигруваме и да победиме“, вели Стојаноски.

Денеска машката селекција ќе одигра уште еден натпревар, а тој ќе биде против Италија во 17:15 часот.