Стоилов ќе игра против Турција, а потоа ќе оди на операција

Македонската машка репрезентација ја очекуваат двете средби од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Селекторот Данило Брестовац за овие натпревари нема да смета на левото крило Дејан Манасков, а пивотменот Стојанче Стоилов ќе биде на располагање само за средбата против Турција.

И покрај долгата и напорна сезона, Стоилов ќе стисне заби и ќе го одигра важниот натпревар на гостински терен, а потоа ќе ја направи неопходната операција на менискусот.

По кратката пауза тој ќе биде подготвен за стартот на подготовките за новата сезона на Вардар и за настапот на Супер Глоуб.