Стоилов: Тргнавме лошо, но потоа го покажавме вистинското лице

Вардар ја оствари петтата победа сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите со триумф кај Кристијанштад, 26:23. За Вардар ова е 11 натпревар во ЛШ по ред без пораз, а петта победа во дуелите со Кристијанштад во ЛШ. Шампионот останува на првото место во А групата со 11 бодови од шест натпревари. На прес конференцијата, пикерот на Вардар Стојанче Стоилов, вели дека победата е заслужена и покрај спориот старт.

„Го респектираме тимот на Кристијанштад. Секоја година играат се подобро. Ние тргнавме лошо на почетокот, но потоа си дојдоа работите на свое место. бевме подобри. Им честитам на нашите домаќини за фер играта и им посакувам добри денови во иднина.“ – изјави Стоилов.