Стоилов: Ретко кој добива втора шанса за пласман на Олимпијада!

Пикерот на Македонскиот национален тим, Стојанче Стоилов смета дека Македонија нема да има нималку лесна задача на престојните квалификации во Гдањск, Полска. Шансата за изненадување ја гледа против Полска на која ја препушта фаворитската улога како домаќин, а потоа со сите сили да се “удри” на Тунис и Чиле.

Ретко кој добива втора шанса за пласман на Олимпијада. Сите мислат дека ќе биде лесно но јас не верувам дека ќе биде така. Треба да дадеме се од себе, да ни се поклопи се, и да пробаме да ја изненадиме Полска на која ја оставам фаворитската улога како домаќин. Во преостанатите два натпревари одиме со сите сили на победи против Тунис и Чиле.