Стоилов очекува уште подобри игри: Можевме да ја победиме Висла и со поголема разлика

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов после првата победа во Лигата на шампионите даде свое видување за играта во Полска. На дуелот против Висла Плоцк беше забележан триумф од 26:22, а ова беше првпат Вардар да победи во Полска.

Сепак, се видоа одредени проблеми, а главно тоа беше реализацијата која се појави како проблем и на дуелите од СЕХА-лигата.

„Одигравме добар натпревари и можеме да  бидеме задоволни што ја почнавме сезоната со победа. Сепак, моравме да победиме со поголема разлика бидејќи бевме многу подобри. Имавме грешки во нападот и во реализацијата, а и го разбранивме голманот на Висла така што останавме на само четири гола разлика. Меѓутоа, најважно е тоа што тргнавме во сезоната со победа бидејќи никогаш досега не сме успеале да дојдеме до победа во Полска“, изјави Стоилов.