Стоилов: Ова е добра шанса за нас да покажеме дека сме голем клуб!

По големата победа во Франкфурт, Вардар во сабота со почеток од 17:30, во рамките на осмото коло од Лигата на Шампионите во Скопје ќе одигра нов дуел со германскиот шампион. Рајн Некар Ловен гостува во спортскиот центар „Јане Сандански“, a новите возбудувања од елитното натпреварување ќе бидат нов предизвик за македонскиот ракометен бренд.

Стојанче Стоилов, ракометар, РК Вардар:

Не очекува Лигата на Шампионите против Рајн Некар Ловен. Овој натпревар доаѓа по градското дерби со Металург, кој беше тежок дуел, но знаевме дека ќе биде така. Сега сите погледи ни се насочени кон натпреварот против Рајн Некар. Таму одигравме совршен натпревар, што не значи дека ќе биде така и тука. Атмосферата е одлична ова е добра шанса за нас да покажеме дека сме голем клуб и да ја потврдиме одличната форма во Скопје.

ФОТО: Денис Дуковски, РК Вардар