Стоилов: НИЕ СМЕ ВАРДАР, нема да се откажеме до крај!

Вардар ќе игра против Барселона во полуфиналето на завшрниот турнир од Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов смета дека сите тимови имаат исти шанси, но дека нема да се откажат предвреме.

„Сите тимови имаат исти шанси за победа. Барселона е голем фаворит, таа беше прва во групата и двапати славеше против нас, но ние сме Вардар и не се откажуваме до крај. Мислам дека претходните натпревари од групната фаза нема да бидат важни за подготовките за Ф4“, изјави Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра на 1 јуни.