Стоилов: Ние секогаш одиме на победа, а Веспрем ни се должници!

На два дена пред дерби натпреварот од СЕХА лигата меѓу првопласираните две екипи на табелата- Вардар и Веспрем, на редовната прес-конференција Раул Гонзалес и Стојанче Стоилов пред новинарите дадоа свои видувања за овој натпревар кој не одлучува за конечниот поредок во регуларниот дел од регионалната лига.

DSC_7804-2
ФОТО: Филип Вирановски

Раул Гонзалес, тренер на екипата на РК Вардар:

Овој натпревар не е многу битен, работата ја завршивме во Прешов против Татран, ние сме на второто место и не е возможно да напредуваме на првото или да паднеме на третото. Имаме повредени играчи, но можеме да играме порелаксирано бидејќи натпреварот нема резултатско значење. Мора да се подготвиме за натпреварот од Лигата на шамионите кој е многу битен, затоа ќе ги ротираме сите ракометари пред се да избегнеме дополнителни повреди.

DSC_7806-2
ФОТО: Филип Вирановски

Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар:

Натпреварот е без притисок бидејќи се знае кој е прв кој е втор. Но Вардар е Вардар, ние секогаш одиме на победа, јас како и сите ракометари сакаме да победиме бидејќи тие ни се должници, не поразија три пати и затоа сакаме да победиме. Имаме повредени играчи од кои ќе зависи составот на овој натпревар.

 

Дуелот Вардар-Веспрем се игра во сабота со почеток од 20:15 во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.