Стоилов: Не очекува ист меч како против Мешков, и Загреб е груба екипа

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов имаше одлична партија против Мешков Брест и успеа да стигне до седум гола од седум шута. Неговата игра допринесе Вардар да се чувствува одлично во завршницата, а тоа овозможи на крајот да се обезбеди ново финале.

„Играчите на Мешков Брест одиграа вистински ракометен натпревар. Имаше многу грубости на теренот. Правилата не дозволуваат ваков ракомет, па одамна немаме играно таков меч. Мило ми е што победивме. Дојдовме да победиме. Имаме малку одмор и ќе треба да се подготвиме за Загреб“, изјави капитенот на „црвено-црните“.

Стоилов очекува слична игра и денеска кога ќе треба да се покаже најдобрата игра сезонава во рамки на СЕХА-лигта.

„Треба да се очекува иста игра бидејќи и Загреб е екипа која игра груб ракомет. Меѓутоа и ние знаеме да одиграме исто. Со години наназад покажуваме карактер на теренот и така ќе биде и денеска. Се случува во да има падови, но тоа е сосема нормално. Такви работи се случуваат во врвниот ракомет, но ние успеавме да се вратиме и да победиме“, коментираше Стоилов.