Стоилов: Нема одмор, време е за нова победа

По триумфот во Загреб во Лигата на шампионите кај Загреб, ракометарите на Вардар немаат многу време за подготовки и анализа на следниот ривал, Динамо Панчево, со кој ќе играат дуел од СЕХА Лигата. Овој меч доаѓа како увертира за она што викендот треба да се одигра, а тоа е првиот од двата натпревари со Рајн Некар во Лигата на шампионите.

„Ние сме фаворити за тој натпревар, треба да го почитуваме противникот и да играме сериозно. Тие се релативно непознати за нас, немавме време за подготовки, но ако играме мотивирано нема да има проблеми.“ – изјави Стоилов.

Средбата меѓу Вардар и Динамо Панчево е закажана за 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански”.