Стоилов најкорисен ракометар на завршниот турнир во Купот на Македонија!

Пред доделување на медалите за финалистите во Купот на Македонија, Ракометната федерација на Македонија ги додели наградите за најдобрите индивидуалци на овој турнир
FLP_4251-2
Титулата најкорисен ракометар на завршниот турнир ја понесе Стојанче Стоилов од екипата на Вардар. На завршниот турнир Стоилов постигна четири погодоци.
FLP_4260-2
За најдобар голман очекувано беше одбран Петар Ангелов, кој со 16 интервенции само од финалниот дуел беше еден од најзаслужните за победата на Вардар.
FLP_4268-2
Најпрецизниот ракометар на турнирот е Алекс Душебаев со 12 погодоци. Шпанскиот репрезентативец исто така е член на освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар. Тој во финалниот дуел беше најпрецизен со осум постигнати погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ