Стоилов, Дибиров и Калараш не беа во состав, но добија овации од навивачите (ФОТО)

Во составот на Вардар на првиот меч од СЕХА лигата се наоѓаат 14 ракометари, а во тимот нема дел од главните ракометари. Повеќето од оние кои денеска добија слободно се најдоа на трибините и го следеа овој натпревар, а тоа беше повод да добијат овации од трибините од фановите кои денеска дојдоа да го следат овој дуел.

Капитенот Стојанче Стоилов, крилото Тимур Дибиров и ракометарот кој реши многу брзо да се врати во Вардар, Глеб Калараш добија овации од фановите, со што јасно им ставија до знаење дека не се заборавени и дека навивачите со нетрпение очекуваат да дојдат натпреварите од Лигата на шампионите и новите блескави партии.

Овој дуел против Пекинг СУ не беше никаков проблем за „црвено-црните“, а дефинитивно Стоилов, Дибиров, Калараш… и колегите ги очекуваат уште многу многу вакви овации, дури и многу поголеми во текот на сезоната.