Стоилов: Да го покажеме вистинското лице против Веспрем!

Во пресрет на третиот натпревар од регионалната лига, македонскиот првак пред медиумите ги даде своите очекувања за новото регионално дерби меѓу Вардар и Веспрем. Во сабота во „Јане Сандански“ од 20:30 ќе започне нов дуел меѓу најдобрите две екипи од минатата сезона.

Раул Гонзалес, тренер, РК Вардар:

Играме трето коло против Веспрем, моќен тим, тие според мене ја имаат најдобрата одбрана во свет, имаат крупни и паметни играчи кои играат брзо, исто така тука се големи имиња како Палмарсон, Чема, Наѓи. Силен состав кој ќе биде наш вистински испит. Ова ќе биде многу добар тест за нас, треба да се подготвиме добро ако сакаме повеќе. Јас имам доверба во момците. Не знам со каков состав ќе се појавиме утре поради повредите, Македа се уште не е подготвен 100%, исто така имаме проблеми и со некои други ракометари кои ќе диктираат каков ќе биде утрешниот состав.

Стојанче Стоилов, ракометар, РК Вардар: 

Играме со наши стари должници. Минатата сезона изгубивме во финалето од нив. Првите две кола не беа нашето вистинско лице, затоа треба да се подобриме во одбрана и напад. Имаме тежок тест против Веспрем, една од најдобарите екипи во светот. Мораме да го прикажеме тоа што го тренираме на теренот и да го дадеме својот максимум.