Стоилов го пропушта Супер Глоуб, но би треба да биде фит до стартот на ЛШ!

Капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, денеска не тренираше со своите колеги по првиот собир.

Тој ја минува рехабилитацијата по операцијата на менискусот во јуни и таа тече во најдобар ред, а Стоилов очекува да биде подготвен за стартот на сезоната.

„Планот на рехабилитација тече според планираното. Се очекува да бидам подготвен за стартот на сезоната во Лигата на шампионите и првиот натпревар“, изјави Стоилов.

Капитенот ќе ги пропушти натпреварите на Супер Глоуб и првите две средби од СЕХА, а неговиот камбек би требало да биде на гостувањето кај Монпелје во ЛШ.