Стоилов: Висла игра поквалитетно на домашен терен отколку на гости

По одржаната жрепка и добивањето на полска Висла за противник во осминафиналниот дуел, и Стојанче Стоилов со свое видување за идниот противник и шансите на македонскиот претставник за минување во четвртфиналето:

Висла Плок воопшто не е наивен противник. Полскиот вицешампион можеби е најтешкиот противник кој можеше да го добиеме во оваа фаза, доколку ги видиме другите екипи во третиот шешир. Нивната форма растеше од натпревар во натпревар во последните четири кола, но тоа не значи дека се подобри од нас. Тоа е екипа која игра многу поквалитетно на домашен терен отколку на гости. Но, ако се подготвиме како за натпреварот со Рајн Некар, сигурен сум дека ќе излеземе како победници во овој двомеч, и повторно ќе ги израдуваме нашите навивачи, како и целата македонска јавност.