Стигна потврдата: Самсоненко ќе биде и потпретседател и ќе работи на пласман на Русија на ЛОИ 2020 во Токио

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко нема да биде само координатор на машката ракометна репрезентација на Русија, туку ќе го добие и местото потпретседател на Руската ракометна федерација. Ова го потврди претседателот на Руската федерација, Сергеј Шишкарев.

Самсоненко доаѓа во пакет заедно со Едуард Кокшаров, досегашниот спортски директор во Вардар кој е именуван за нов селектор на руската машка репрезентација.

„Нема да кријам, ние доста долго контактираме за да видиме дали има „хемија“ во нашата соработка, и дали ќе може да работиме за просперитет на Русија. Самсоненко се согласи да го прифати предизвикот и да работи со рускиот машки тим на пласман на ЛОИ во Токио, што е многу важно за нас. Среќен сум што со на сќе работи така талентиран менаџер кој имаше успеси и во Европа, изјави Шишкарев.