Сте виделе ли поглупав ракометен гол? (ВИДЕО)

На полуфиналниот натпревар за влез во данската Супер лига, екипите на Сковбакен и Фредериксхавн одиграа возбудлив натпревар кој заврши со резултат 24-21 за домашниот тим.
Но овој натпревар ќе остане запишан во историјата на ракометот не по одличната игра на ракометарите на двете екипи, ниту прикажаните инзворедни ракометни вештини, туку по несмасниот потег на голманот на гостинската екипа на самиот почеток на натпреварот.
Младиот Кристијан Хедегард во манирот на голем број фудбалски голмани, ја пропушти топката која се тркалаше на подот да влезе во гол. За разлика од фудбалот, младиот голман на Фредериксхавн нема да може да ги обвини нерамнините на тревната површина за овој погодок.

 
Гостинската екипа по вториот пораз од истиот противник, ги загуби сите шанси да се бори за место кое води во најсилното ракометно натпреварување во Данска.