Стефан Чизмовиќ нов ракометар на Зомимак

Зомимак се договори со пикерот Стефан Чизмовиќ. Црногорскиот ракометар стави потпис на едногодишен договор со „рисовите“ и е петтото засилување за тимот. 22-годишен ракометар доаѓа од екипата на Будванска Ривиера, а освен за тимот на Будванска Ривиера во кариерата има настапувано и за екипите на Сутјеска и Ловќен.
Тој доаѓа како замена за Игор Павловски, а во екипата на Зомимак ќе биде вториот Црногорец кој ја засилува екипата, по левото крило Мирко Мајиќ.