Стеван Вујовиќ потпиша со Металург

Сагата околу црногорскиот репрезентативец конечно заврши. Стеван Вујовиќ е нов член на Металург.

Некогашниот македонски првак во обид повторно да го врати својот сјај, тргна амбициозно оваа сезона. Сепак дел од ракометарите меѓу кој и најдобриот поединец во заеднички договор со управата го напуштија клубот. Затоа беше потребна свежина во составот на Лино Червар. Тимот од Автокоманда во македонскиот плеј-оф ќе се темели на искуството и квалитетот на Марко Шајин и Стеван Вујовиќ.

Централниот бек по долги преговори конечно ги усогласи сите детали околу неговиот трансфер, а вчерашниот тренинг го искористи за запознавање со соиграчите и стручниот штаб. Договорот е постигнат денес и тој ќе биде последното засилување за Металург оваа сезона.

25-Годишниот Вујовиќ својата кариера ја изгради како ракометар на Вардар, Црвена Звезда, Ловќен, шпанска Антекера, француски Селестат, германски Вецлар и составот на Амичитиа од каде пристигна во Скопје.