Стевановиќ: Жал ми е за Загреб, ама парите се на друго место!

Откако минатата сезона составот на ППД Загреб остана без својот бисер, Филип Ивиќ, на крајот на оваа ќе остане и без ветеранот кој реши многу натпревари во корист на хрватскиот првак. Се работи за 34-годишниот Иван Стевановиќ, кој потпиша тригодишен договор со Кадетен Шафхаузен и на лето ќе се пресели во Швајцарија.

„Загреб ми понуди нов договор на две години, понудата беше коректна, бев во контакт и со два германски клуба, но понудата од Шафхаузен беше она што го сакам. За себе, но и за моето семејство. Нема многу патувања, што ми е важно во овие години, финансиските одлични се одлични. Жал ми е што заминувам од Загреб, но парите се на друго место.“ – искрено изјави Стевановиќ.

Фото: croexpress.eu