Старт на француската авантура: Лазаров тргна со Нант (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров од претстојната сезона ќе има нов предизвик и за првпат во кариерата ќе настапува во францускиот шампионат. По Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал и Барселона, Лазаров ќе биде дел и од Нант.

Амбициозниот француски тим сезонава ќе игра во поквалитетниот дел од Лигата на шампионите, а Лазаров ќе гостува и во Скопје кај европскиот првак Вардар. Денеска се одржа првиот собир на Нант…