Старт на новиот предизвик: Манасков и Веспрем тргнуваат во понеделник

По капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, втор Македонец по подолго време во унгарскиот шампион Веспрем, ќе биде Дејан Манасков. Тој минатата сезона не ја доби посакуваната минутажа во Рајн Некар, па се реши за нов предизвик во кариерата.

Новиот тренер на Веспрем, Љубомир Врањеш, како и сите нови играчи плус оние што останаа од минатата сезона се собраа викендов и ќе ги направат медицинските тестови во пресрет на новата сезона, а подготовките ќе ги започнат в понеделник, по што веќе в среда ќе заминат на висински подготовки во Рогла, Словенија.

Покрај Манасков, и тренерот Врањеш, нови играчи во унгарскиот првак се Иман Џамали, кој се врати од позајмица во Мешков Брест, Кент Робин Тонесен од Фуксе Берлин, Вилијам Акамбре од ПСЖ и Матијас Ѓори од Балатонфуреди. Веспрем сезонава нема да игра во СЕХА Лигата, но стандардно ќе биде дел од Лигата на шампионите.