Стартува новата сезона: Девет екипи во битка за четири места кои водат во плеј-оф

Денеска стартува новата сезона во Супер машката ракометна лига во која девет екипи ќе се борат за четирите места коишто ќе водат во пролетниот плеј-оф и битката за шампионската титула.

Иако е рано уште сега да се формира списокот на екипи коишто се близу до местото во плеј-оф групата од четири клуба на кои ќе им се придружат Вардар и Металург, сепак, сосема извесно е дека првите три места ќе бидат резервирани за тимовите од Битола и за охриѓани.

Еурофарм Работник, Пелистер и Охрид беа во комбинациите речиси на сите тренери кои ги контактираме пред почетокот на сезоната, а и најголемиот дел од ракометарите се согласни во овој факт. Се работи за три екипи кои имаат најголем квалитет и од кои ќе се очекува да бидат во најдобра форма во текот на сезоната во која ќе се бие долга битка за место во групата каде што ќе има уште нови десет кола.

Сепак, нема да биде така лесно да се дојде до ова бидејќи Борец, Радовиш, Пролет и Прилеп ќе сакаат да изненадат. Веројатно тука ќе се води битката за 4. место, но дефинитивно секоја од овие две екипи ќе што да покаже особено на домашен терен, а таму може да остави без бодови и некој од фаворитите.

Од позадина остануваат вторите тимови на Металург и Вардар, но не се без шанси, па никој нема да може да очекува сигурни бодови. Затоа ќе биде тешко да се игра против овие екипи.

Последните најави од Младост беа дека денеска нема да игра против Еурофарм Работник, но прво останува тоа и официјално да биде потврдено. Доколку се случи тоа тогаш лигата ќе остане со девет екипи.

НАТПРЕВАРИ И ТЕРМИНИ ЗА 1. КОЛО

САБОТА, 16 СЕПТЕМВРИ

МЕТАЛУРГ 2 – ПРИЛЕП 2010                       12:00 ч.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – МЛАДОСТ 09   18:00 ч.

ПРОЛЕТ 62 – ГРК БОРЕЦ                               19:00 ч.

РАДОВИШ – ПЕЛИСТЕР                                 19:00 ч.

ОХРИД 2013 – ВАРДАР ЈУНИОР                  19:30 ч.