Стартуваше првенството во Хрватска : Локомотива Загреб без проблеми

Во петокот (12.09.2014) започна битката за шампионската титула на Хрватска во женска конкуренција. Актуелниот шампион, Локомотива Загреб имаше лесна задача против Самобор и славеше убедлива победа со високи 39 : 24 (17 – 10). Најефикасна ракометарка во редовите на Локомотива беше Соња Башиќ со осум голови, кај Самобор Ана Власиќ и Инес Лисјак постигнаа по пет голови.  Во вториот натпревар екипата на Трешњевка на домашен терен го совлада Сплит со 31 : 23 (16 – 10).

Останатите натпревари од првото коло ќе се одиграат денес .