Стартуваше новата сезона за ЖРК Вардар

Олимписката година го помати спортскиот календар на планетата, а исклучок нема да биде ниту македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар.

Денес во некомплетен состав стартуваа подготовките на македонскиот шампион за новата сезона. Без шесте „олимпијки”, ракометарките на Вардар првите неколку дена ќе останат во Скопје, а веќе на 6-ти август заминуваат на подготовки во Словенија. Словенката Тамара Мавсар и Белорусинката Дијана Илина се единствените засилување во „црвено-црниот“ состав без репрезентативни обврски за времетраење на Олимписките игри, додека Камила Херем, Мајса Песоа и Александра Лакрабере ќе се приклучат кон составот на Вардар по завршувањето на Олимпијадата во Рио.

Од 18 август експедицијата на Кастратовиќ се сели во Љубљана каде ќе настапи на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија”. Таму покрај домаќинот, екипата на Крим Меркатор, потврдени се и уште екипите на Подравка Вегета и Хипо. Од  21 август, Вардарки се враќаат во Скопје каде продолжуваат со подготовките за почетокот на новата сезона во Лигата на шампионките.

rakometarkite-trgnaa-vo-novata-sezona-03.08.2016-6198

 

rakometarkite-trgnaa-vo-novata-sezona-03.08.2016-6194

rakometarkite-trgnaa-vo-novata-sezona-03.08.2016-6199

Фото: www.zrkvardar.mk