Стартуваат куп пресметките за место во полуфиналето

Од денеска до недела ќе бидат одиграни средбите од Купот на Македонија кои ќе ги дадат имињата на тимовите што ќе разигруваат за место во полуфиналето. Во Скопје, Битола и Струга ќе се играат средбите од четирите групи, а се очекуваат интересни дуели кои би требало да го дадат одговорот за екипите кои на 11 и 12 мај ќе разигруваат за трофејот на Ф4 турнирот.

Денеска ќе биде познат и првиот полуфиналист бидејќи сите средби од Групата 1 ќе бидат одиграни во Битола во еден ден.

Утре ќе се играат финалните дуели во Скопје, а во недела Вардар ќе треба да се пресмета со подобриот од дуелот Струга-Металург 2 и тоа како гости.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛНИ ГРУПИ

ГРУПА 1

ПЕТОК, 19 АПРИЛ

13:00ч

АСТРАИОН – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

15:00ч

ОХРИД – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

19:30ч

ФИНАЛЕ

ГРУПА 2

ПЕТОК, 19 АПРИЛ

16:00ч

ПРОЛЕТ – РАДОВИШ

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

18:30ч

МЕТАЛУРГ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

САБОТА, 20 АПРИЛ

18:00ч

ФИНАЛЕ

ГРУПА 3

САБОТА, 20 АПРИЛ

13:00ч

ТИКВЕШ – БОРЕЦ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

15:00ч

ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

20:00ч

ФИНАЛЕ

ГРУПА 4

САБОТА, 20 АПРИЛ

14:00ч

ВАРДАР – ПРИЛЕП           

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

СТРУГА – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

НЕДЕЛА, 21 АПРИЛ

18:00ч

ФИНАЛЕ.