Стартна победа за Партизан: Џонов и Аларов го средија Рудар

Ракометарите на Партизан Гевгелија имаа успешен старт во новата сезона во Првата Лига. На домашен терен во Гевгелија беше убедливо совладан новакот во оваа конкуренција, Рудар Пробиштип, со 41:27.

Уште на стартот фатија ред домаќините и поведоа со 5:1, па беше јасно што го чека гостинскиот состав. На полувреме беа обезбедени плус 9, 19:10, а во вториот дел разликата само се зголеми до плус 14, за конечни 41:27.

Најдобар поединец кај Партизан Гевгелиј беше младинскиот репрезентативец Иван Џонов со 9 голови, 8 постигна Михаил Аларов, додека по 7 пати во листата на стрелците се запишаа Димитар Вегов и Иван Митревски. Во поразениот состав, Павел Стојанов беше единствен што парираше со 9 голови.