Старо-ново засилување за српскиот првак: Урош Елезовиќ се врати во Војводина

Искусниот лев бек Урош Елезеовиќ е старо-ново засилување за српскиот првак Војводина. Тој повторно се враќа во тимот, од каде што си замина минатото лето кога се пресели во Лахвија од Катар.

Соработката со тимот од Нови Сад е веќе договорена, и Елезовиќ треба да остане во српскиот првак до крајот на сезоната. Доаѓањето на искусниот ракометар, ќе ја зајакне бековската линија на Војводина, од каде се најавува заминување на Милош Орбовиќ во Израел, а станува збор за десен бек за кој беше заинтересиран и Металург.

Фото: zurnal.rs