Станковски се збогуваше со вардарки

Помошникот на Ирина Дибирова, кој со Вардар стигна до среброто на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите денеска не беше на клупата на екипата на Вардар на мечот против Овче Поле од 2. коло од Супер женската лига. Очекувано вардарки го добија овој дуел со голема разлика, но Аце Станковски веќе не е дел од стручниот штаб.

Тренерот кој стигна до одлични резултати со „црвено-црните“ и беше дел од стручниот штаб и на Индира Кастратовиќ, но и на наследниците Давид Дејвис и Ирина Дибирова, сега ќе има нова позиција и ќе работи заедно со Стојан Петрушевски во Вардар јуниор.

Се работи за двајца тренери кои и порано имаат соработувано на клупата на Вардар, а во минатото „делеа“ дрес од ист клуб и како играчи така што одлично се познаваат.