Среќна приказна, со тажен крај… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак Металург со победата над Татран Прешов доби нова шанса да се бори за врвот на групата Ц од Лигата нашампионите, но загуби еден од најдобрите поединци во своите редови, македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој заработи скршеница на шутерската рака и го очекува пауза од ракометните терени.

Прешов доживеа втор пораз оваа сезона во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и му даде последна шанса на Металург да се приклучи меѓу најдобрите екипи во Европа. Но пласманот во осминафинале на Лигата на шампионите сè уште е далеку, а прва препрека на патот кон нов европски успех за составот на Червар ќе биде гостувањето во Шпанија кој сините мора да го добијат.

Убавиот ден за тимот од Автокоманда и значајната победа мина во сенка на повредата на македонскиот бек, кој смогна сили и од болница се врати во Вип Арената да им даде поддршка на своите соиграчи. Радост, среќа солзи и тага за крај на тоа што требаше да значи голема прослава за македонските ракометари и нивните најверни поддржувачи.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”99″]