Среќен роденден!

Денеска нема ракометари од домашна сцена кои слават роденден, но затоа има голем број на играчи кои се надвор од Македонија кои имаат причина за прослава.

Себастијан Скубе од Словенија, кој настапува во редовите на Бјерингбро ќе го прослави својот 32 роденден.

Ракометарот на Кристијанштад од Шведска, Зоран Божиќ, пак, денеска ќе го прослави своето полнолетство.

Португалецот Жоао Маркес од Спортинг, полни 19 години, додека Михал Касал од Татран Прешов ќе наполни 25 години. Чехот е клупски колега на Костески.

Роденден слави и најефикасната ракометарка на Турингер во Лигата на шампионите. Ивета Лузумова од Чешка денеска ќе наполни 30 години.

Швеѓанката Мари Вал, која е дел од екипата на Копенхаген денеска го слави 27 роденден, додека 29 години ќе наполни пивотот од Романија, Крина Елена Пинтеа. Таа настапува за екипата на Ѓер.

Среќен роденден Себастијан, Зоран, Жоао, Михал, Ивета, Мари и Крина!