Среќен роденден!

Еден од ветераните на ракометот во Романија, Јонут Буричеа минатата година беше дел од тимот на Констанца. Тој денеска ќе наполни 40 години.

Високиот ракометар од Данска, Николај Маркусен лани беше дел од составот на Бјерингбро. Тој денеска полни 31 година.

Една од најдобрите Норвежанки на сите времиња, Лин Кристин Ригелхут Корен денеска ќе наполни 35 години. Ракометарката која е дел од Ларвик и понатаму игра во одлична форма.

Исто така 35 години полни и голманката на Ростов Дон, Ана Седојкина. Русинката исто како и Норвежанката е долго на ракометната сцена. И двете беа дел од првиот Мундијал кој се одржа во Македонија во 2003 година. Тогаш како младинки се покажаа во одлично издание.

Среќен роденден Јонут, Николај, Лин и Ана!