Среќен роденден!

На списокот на славеници на роденден денеска се наоѓаат неколку ракометари и ракометарки кои не се од Македонија. Најпознато име од нив е играчот на Пик Сегед од Шведска, Јонас Калман. Високото лево крило денеска полни 38 години.

Покрај него роденден има и Романецот Георге Андреи Александру. Се работи за играч на Констанца кој денеска полни 21 година.

И Шпанецот Игнасио Биоска Гарсија, кој ги брани боите на Адемар е меѓу славниците. Тој полни 24 години.

Унгарката која игра за Турингер, Кристина Тришук е повозразна од последните двајца. Таа денеска ќе го прослави својот 34. роденден.

И нејзината соиграчка во Турингер, Германката Лара-Софи Фихтер е меѓу славеничките. Лара-Софи денеска станува полнолетна.

Среќен роденден Јонас, Георге, Игнасио, Кристина и Лара-Софи!