Среќен роденден!

На денешниот список на славеници на родендени се ракометари кои доаѓаат од другите земји. Еден од нив лани ги бранеше боите на Пелистер, додека другите играат во екипите низ Европа.

Жарко Чуриќ, кој лани имаше добри настапи за битолчани денеска полни 26 години.

Шпанецот кој ги брани боите на Барселона, Давид Руиз Естепа, пак, денеска го слави својот 20. роденден.

Германецот Максимилијан Кеслер кој е клупски колега на Филип Талески во Рајн Некар, пак, денеска ќе чести поради тоа што го слави 21. роденден.

И познатата Марта Мангу од Шпанија, која сега е ракометарка на Брест е меѓу оние кои слават роденден, а таа ќе наполни 36 години.

Валентина Саламака од Азербејџан, која игра за тимот на Битигхајм од Германија денеска го прославува 33 роденден.

Унгарката Ченге Фодор од Гер, пак, денеска полни 20 години.

Среќен роденден Жарко, Давид, Максимилијан, Марта, Валентина и Ченге!