Среќен роденден!

Денеска нема ракометари од Македонија кои прославуваат роденден, но има неколку познати репрезентативци во посилните селекции.

Швеѓанката Џени Алм која игра за тимот на Копенхаген денеска ќе го прослави својот 30 роденден.

Романката Кристина Ласло, која настапува за ЧСМ Букурешт, пак, ќе наполни 23 години.

Играчот на Кил, Германецот Руне Дамке исто така има повод за славје, а тој полни 26 години.

И Стефан Сунајко од Србија, кој е дел од составот на Пик Сегед има роденден, а тој ќе наполни 21 година.

Среќен роденден Џени, Кристина, Руне и Стефан!