Среќен роденден Јовица!

Ракометарот на Бутел Скопје, левиот бек, Јовица Младеновски го предводи денешниот список на славеници на родендени. Тој денеска ќе наполни 32 години.

Роденден има и Килијан Вилемино од Франција. Играчот на Монпелје денеска ќе наполни 21 година.

Својот 20. роденден го слави Кан Аданир. Се работи за соиграч на Филип Талески во Рајн Некар, кој има германски пасош.

Лин Блом од Шведска, која е ракометарка на Копенхаген, пак, го прославува 27 роденден.

Среќен роденден Јовица, Килијан, Кан и Лин!