Среќен роденден Јања и Резо!

Додека денеска ќе има подготовки за натпреварите на завршниот турнир во Келн еден ракометар на Вардар ќе има повод за славење. Се работи за Јања Војводиќ, кој денеска ќе наполни 24 години. Тој пристигна во Вардар пред нешто повеќе од две години навреме за да биде дел од тимот кој славеше во Келн во 2017 година.

Роденден има и ракометарот на Струга, Реваз Чантурија. Тој пристигна сезонава од редовите на Пелистер. Денеска го слави 37 роденден.

И Норвежанката од Ларвик ќе има роденден. Тоа е Каролине Лунд која полни 20 години.

Среќен роденден Јања, Реваз и Каролине!