Среќен роденден Јане!

Голманот кој во последните сезони бранеше надвор од Македонија, а повремено е дел и од списокот на репрезентацијата на Македонија, Јане Цветковски денеска има роденден. Тој е играч кој во 2007 година беше дел од младинската селекција на Мундијалот во Македонија. Денеска полни 32 години.

Данецот Рене Расмусен од тимот на Скјерн, пак, е нешто помлад. Тој ќе го прослави 30. роденден.

Репрезентативкатга на Унгарија, Анико Ковачич, инаку, ракометарка на ФТЦ Раил Карго и исто така славеничка денеска, а полни 28 години.

Полнолетна денеска ќе стане Норвежанката од Ларвик, Софи Лове.

Среќен роденден Јане, Рене, Анико и Софи!