Среќен роденден Филип!

Ракометарот кој сезонава одигра голема улога за вицешампионската титула на тимот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски од следната сезона ќе настапува во редовите на Магдебург во Бундес лигата. Тој денеска полни 23 години.

Роденден има и Лине Бјорнсен. Норвежанката која настапува за тимот на Копенхаген ќе го прослави 27. роденден.

Нејзината сонародничка која игра за тимот на Ларвик, Марија Хертнер, пак, полни 23 години.

Најмлада на денешниот список на славеници е Анастасија Дулева. Русинката која го носи дресот на Ростов Дон денеска го слави 19. роденден.

Среќен роденден Филип, Лине, Марија и Анастасија.