Среќен роденден Филип, Горан…

Репрезентативецот на Македонија и ракометар на Рајн Некар, Филип Талески денеска го предводи списокот на ракометари и ракометарки кои слават роденден. Тој денеска ќе наполни 23 години.

Роденден има и тренерот на Охрид, кој е поранешен репрезентативец и дел од селекцијата која ги забележа првите учества на големите натпреварувања. Горан Андоноски денеска полни 51 година.

И ракометарката на Спартак, Јана Чоловиќ е меѓу славениците. Таа денеска ќе наполни 17 години години.

Својот 20. роденден го прославува и ракометарот од Данска, кој е член на екипата на Скјерн, Тобијас Расмусен.

И Финецот Рони Сирјала кој игра за Рихимаен Кокс денеска е меѓу славениците, а тој полни 24 години.

Норвежанката Маја Јакобсен која игра за Одензе, пак, полни 29 години.

Среќен роденден Филип, Горан, Јана, Тобијас, Рони и Маја!