Среќен роденден Тамара!

Почеток на нов месец, а во првиот ден од април роденден слави ракометарка која го има носено дресот на екипата на Вардар. Тамара Мавсар, која е репрезентативка на Словенија и игра за екипата на Крим денеска ќе наполни 28 години.

Роденден слави и нејзината сонародничка и колешка од Крим, Леа Крањц. Таа денеска го слави својот 26. Роденден.

Меѓу славениците се и двајца ракометари на Монпелје. Тимот кој не успеа да дојде до место во елиминациите од Лигата на шампионите има славеници во Французинот Бенјамин Афгур и ракометарот од Египет Ашем Шебиб Мамду.

Афгур денеска полни 28 години, додека Мамду го прославува својот 30. роденден.

Среќен роденден Тамара, Леа, Бенјамин и Ашем!