Среќен роденден Стевче!

Голманот кој остави голема трага во историјата на македонскиот ракомет, но и на тимот на Пелистер, Стевче Стефановски некое време е надвор од ракометот. Сепак, надвор е само како активен работник во клуб, а постојано присутен како критичар за она што се работи и што го прави репрезентацијата. Стефановски, кој беше дел од репрезентацијата на првиот шампионат во Италија во 1998 година денеска полни 60 години.

Роденден има и ракометарот на Пролет, кој игра на позицијата десно крило, Филип Ролевски. Тој ќе наполни 27 години.

Данецот од Бјерингбро, Стефан Хундструп, пак, денеска го прославува својот 33 роденден.

Французинот Робин Дуарте кој е дел од тимот на ПСЖ и е еден од новата генерација, пак, полни 21 година.

Среќен роденден Стевче, Филип, Стефан и Робин!