Среќен роденден Силвана!

Поранешната репрезентативка на Македонија, која во моментов е дел од интернационалната судиска двојка, Силвана Карбеска денеска слави роденден. Таа заедно со Марија Илиева веќе подолг период има значка на ЕХФ, а покрај тоа и на ИХФ на средбите во ракомет на плажа. Карбеска денеска полни 43 години.

Роденден има и репрезентативецот на Русија, кој е дел од шампионскиот им на Вардар. Данил Шишкарев денеска го прославува својот 31. роденден.

И Португалецот Брито Дуарте, кој сезонава во Барселона играше во одлична форма исто така е меѓу славениците. Тој денеска ќе наполни 29 години.

Тунижанецот кој го носи дресот на Динамо Букурешт, Камел Алуини е врсник на Шишкарев. Денеска полни 31 година.

Белорусинот кој е член на тимот на Мотор Запорожје, Алексеј Шинкел е помлад. Тој го прославува 25. роденден.

На списокот е и една ракометарка на Брест, а се работи за Паулина Котанеа.Таа пони 26 години.

Среќен роденден Силвана, Данил, Брито, Камел, Алексеј и Паулина!