Среќен роденден Наташа!

Поранешната репрезентативка на Македонија, која веќе долго време живее во Германија, Наташа Коцевска денеска има роденден. Таа денеска го прославува својот 35. роденден.

И ракометарката на Металург, Аида Смајлоска исто така слави роденден, а таа денеска ќе наполни 19. години.

Поранешниот член на Вардар, а сега играч на Констанца, Црногорецот Стеван Вујовиќ исто така е меѓу славениците денеска. Тој полни 29 години.

И ракометарот кој најверојатно во текот на летото ќе го облече дресот на Вардар, Денис Санталов има роденден. Русинот кој е дел од Чеховски медведи денеска го слави 23. роденден.

Тука е и младиот ракометар на Целје. Словенецот Анже Благотиншек денеска станува полнолетен.

И ракометарката од Данска, која е член на Кристијансанд, Матилде Кристенсен ќе има ден за славење, а полни 26 години.

Среќен роденден Наташа, Аида, Стеван, Денис, Анже и Матилде!