Среќен роденден Наталија!

Членката на трофејната генерација на Кометал Ѓорче Петров, а потоа и репрезентативка на Македонија, Наталија Тодоровска денеска има роденден. Тодоровска денеска го прославува својот 45. роденден.

Меѓу славениците е и бекот на Келце. Полјакот Криштоф Лијевски ќе наполни 36 години.

Шпанецот од Адемар, Алваро Розас Гарсија, пак, денеска полни 19 години.

И ракометарот од Србија кој е клупски колега на Гарсија во Адемар, Живан Пешиќ исто така има роденден, а тој полни 26 години.

Магнус Рог, Норвежанецот од Флензбург, пак, го прославува 22 роденден.

Французинката Деуна Зади, која го носи дресот на Мец денеска ќе наполни 26 години.

Среќен роденден Наталија, Криштов, Алваро, Живан, Магнус и Деуна!