Среќен роденден Мими и Александар!

Ракометарката која со Кометал Ѓорче Петров успеа да постигне големи успеси пред повеќе од 15 години, Мими Чупиќ денеска слави роденден. Таа веќе извесно време не е во ракометот, а денеска ќе наполни 47 години.

Роденден има и поранешниот член на Вардар, Металург и уште неколку други екипи, Александар Петровски. Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ почна и во тренерските води, но во моментов е на друга функција па не е директно инволвиран во ракометот. Тој полни 45 години.

Русинот Андреј Новоселов, кој беше деч од Рихимаен Кокс, денеска полни 33 години.

Репрезентативецот на Хрватска, Ловро Михиќ, кој игра за тимот на Висла Плоцк ќе го слави својот 25. роденден.

Ане Мете Хансен од Данска која игра за Ѓер, исто како Михиќ полни 25 години.

Својот 23. роденден денеска ќе го прослави Хана Бломстранд. Се работи за Швеѓанка во дресот на Копенхаген.

Среќен роденден Мими, Александар, Андреј, Ловро, Ане и Хана!