Среќен роденден Маџовски!

Денеска има интересна ситуација кај славениците на родендени. Близнаците Борјан и Бојан  Маџовски кои играат во различни тимови и сезонава денеска полнат 25 години. Борјан кој игра во Пелистер и Бојан кој е дел од екипата на Металург денеска со своите екипи се на гостување. Борјан ќе игра во Скопје, а Бојан во Битола така што нема да бидат на исто место за прослава на роденденот.

Роденден има и стружанецот Костадин Вешоски, кој полни 30 години.

На списокот е и Иван Мацкевич. Белорусинот кој игра за Мешков Брест денеска го прославува својот 28 роденден.

Среќен роденден Борјан, Бојан, Костадин и Иван!