Среќен роденден Марко!

Ракометарот кој во 2007 година играше на Светското првенство за младинци во Македонија, а потоа го носеше и дресот на Вардар, Марко Вукчевиќ денеска слави роденден. Тој денеска ќе наполни 33 години.

Покрај Вукчевиж роденден слави и Ајденас Маласинскас. Литванецот кој го носи дресот на Мотор Запорожје и е клупски колега со Жарко Пешевски исто како и Вукчевиќ денеска полни 33 години.

И Хрватот Филип Вистороп кој го носи дресот на ППД Загреб е меѓу славениците. Тој полни 21 година.

Романецот Валентин Јонеа кој е играч на Спортинг од Лисабон, пак, ќе наполни 35 години, додека Французинот од Нант, Баптисте Даматрин денеска ќе го прослави својот 19. роденден.

Среќен роденден Марко, Ајденас, Филип, Валентин и Баптисте!