Среќен роденден Марио!

Ракометарот кој минатото лето беше прогласен за МВП на ЕХФ-шампионатот за младинци во Скопје, Марио Танкоски денеска слави роденден. Играчот на Металург, кој веќе е и сениорски репрезентативец на Македонија. Марио полни 21 година.

Роденден има и младинска репрезентативка на Македонија, Марија Тасевска. И таа е членка на Металург, а денеска го прославува 19. роденден.

Денеска ќе слави и една поранешна репрезентативка на Македонија, Ева Диневска. Голманката која играше за неколку екипи од Скопје, но имаше и интернационална кариера полни 35 години.

Шпанецот Лоренцана Гарсија, кој е меѓу ветераните од Адемар ќе го слави 42. роденден.

Русинот Витали Комогоров, кој од Динамо Букурешт се пресели во редовите на Татабања денеска ќе наполни 28 години.

Украинецот од Мотор, Јури Кубатко полни 31 година, додека Швајцарецот Рон Делес, кој игра за Вакер Тун денеска го прославува 24. роденден.

Среќен роденден Марио, Марија, Ева, Лоренцана, Витали, Јури и Рон!